Каевски: Вистината е јасна, се она што поседувам јас и моите родители е уредно пријавено во мојот анкетен лист

од Берта Китинска
311 прегледи

Во обид да се пренасочи вниманието од криминалот кој го правеле 11 години за што има признанија и од најблиски луѓе на раководството, ВМРО-ДПМНЕ и Наум Стоилковски со недели пласираат лаги и невистини за мене и мојата имотна состојба, пишува на својот Фејсбук профил Дарко Каевски од СДСМ во врска со изнесените тврдења на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кумот на Груевски вчера ги потврди крииналните шеми, од Белизе до Плацеви на Водно и станови од 750 квадрати. Генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ признаа вина за Титаник, за криминал и коруцпија.Не проаѓаат лагите на Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ за мене. Вистината е јасна:Се она што поседувам јас и моите родители е уредно пријавено во мојот анкетен лист и се тоа е стекнато уште пред јас да бидам на функција. Станува збор за наследство, за имот од моето семејство кое цел живот работело чесно, пишува тој.

Тој потенцира дека истото тоа се однесува и за лагата околу куќата која е споменета од страна на Наум Стоилковски.

-Треба да се засрами од Белиот дворец вреден 40 милиони евра кога зборува за наследство од мојата баба, мајка на мојата мајка, во Волково, легализирана уште пред 8 години.Разбирлива е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ затоа што како пратеник и портпарол пред јавноста ја зборувам вистината за нивните криминали, па затоа пласираат лаги и невиситини. Можат Наум и ВМРО-ДПМНЕ да лажат колку сакаат, нема да ја сокријат вистината дека тоа е најкриминалната партија во Европа, вели тој.

Слични содржини