Во 2012 година, Mozilla го создаде Firefox OS како конкурент за iOS и Android кај мобилните
оперативни системи. Но, откако не успеа да се избори против нив, компанијата ја прекина серијата.
Сепак, нов оперативен систем наречен KaiOS, кој во 2017 година веќе напојуваше 30 милиони
единици, се издигна од пепелта, а една година подоцна тие станаа 50 милиони. Повеќето од нив беа
обични телефони што се продаваат во Индија и Индонезија по цена која не надминува 50 долари, но
се појавија KaiOS паметни телефони кои чинат околу 80 долари.

Денес, компанијата зад KaiOS го носи истото име и е со седиште во Хонг Конг. Целта на KaiOS е
пред сè практична – нуди долго траење на батеријата, 4G конекција, популарни апликации како
Фејсбук и практични функции како што се бесконтактни плаќања, иако воопшто не поддржува
екран на допир.
Успехот на KaiOS привлече внимание не на било кој, туку на Google. Минатата година, гигантот
инвестираше 22 милиони долари во него, поврзувајќи го со сопственото онлајн рекламирање за да
стигне до повеќе потрошувачи во земјите во развој. За милиони корисници во Азија и Африка, дури
и „евтините“ Android телефони се недостапни, а оперативниот систем е тежок, па дури и полесната
верзија на Android One има потреба од хардвер, кој не може да се направи евтино.
Во исто време, KaiOS е оптимизиран да работи на телефони со само 256 MB RAM и под 16 GB
складирање.
Паметните телефони постојано се зголемуваат како размери во текот на годините, а
безконтактниот интерфејс станува се поважен. Можеби Google сака да ја искористи својата
инвестиција во KaiOS како основа за нова генерација на интеракции во сопствениот оперативен
систем, комбинирајќи ја својата функционалност со достапноста на KaiOS. Овие нови уреди може
да бидат сè – од специјални додатоци, до тастатури и други физички копчиња или прекинувачи,
дизајнирани да им помогнат на корисниците полесно да пристапат до функциите.
Во комбинација со одлуката на Google за започнување на претстојната платформа за игри Stadia,
која работи со контролори на секоја конзола, сега ќе биде совршено време за гигантот да почне да
го менува корисничкиот интерфејс за подобар режим на достапност.