Кај кумановец пронајдени 45 мигранти од Блискиот Исток

од Andreja Salpe
303 прегледи

По претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, денеска (27  мај) полициски службеници извршиле претрес во домот на 53-годишниот С.Д. од Куманово.

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени 45 лица – мигранти од разни држави од Блискиот Исток.

С.Д. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини