Кај поранешна „Алумина“ предвидени осум нови згради, од кои две големи кули со 25 и 35 ката

од Nikola Popovski
363 прегледи

На местото на поранешната фабрика „Алумина“ во општина Карпош се планираат вкупно осум нови згради, од кои шест со висина од 9 до 14 катови, но и две големи кули. Од граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ обвинуваат дека ќе никнат блокови од 35 спратови, во висина три пати поголеми од, како што велат, зградата-монструм на „Настел“ или новите згради западно од „Алумина“.

-Како и дека за тој предлог ДУП нема кој да се пожали бидејќи Општина Карпош не ги зема предвид коментарите од околните жители, само на тие што имаат имотен лист или сопственост на плацот на Алумина, што е поранешна фабрика, коментираат од „Борба за Влае“, додавајќи дека „сопственици на имотот се шака луѓе со интерес да се прават згради монструми“.

-Тие се единствените што имаат можност да дадат им мислење за овој ДУП на Општина Карпош, сметаат од иницијативата на граѓани.

Од иницијативата посочија, кај другите ДУП-ови се жалеле дека е планирано малку зеленило и недоволно простор за објекти од јавен интерес (градинки, училишта…). Во ДУП-от за Алумина, пак, велат тие, нема ни скриени податоци.

Според она што може да се види на 3Д приказот во прилог на јавната презентација на ДУП за Градска четврт 3 06, блок 11, објавен на веб-страницата на Општина Карпош, на просторот ќе се изградат модерни згради, со зелени тераси и покриви, а меѓу објектите ќе има зеленило и пешачки патеки.

Станува збор за плански опфат кој се наоѓа меѓу улицата Прашка, булеварите 8 Септември и Митрополит Теодосиј Гологанов, како и новопроектираната улица С6. Предлог ДУП-от во моментов е на јавна анкета, која ќе трае до 15 декември, а на 12 декември ќе се одржи и јавна презентација во просториите на Општината, каде граѓаните кои живеат во овој плански опфат можат да доставуваат и анкетни листови секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.

Слични содржини