65
По изјавата на поранешниот претседател Стево Пендаровски дека не гледа ништо стратешко во договорот со Обединетото Кралство, реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека „подобро е што Пендаровски не видел ништо“, алудирајќи на неговото минато однесување и блискост со владејачките партии.
„Станува збор за човек кој на Бојко Борисов му се обраќаше со ‘Кај си бе љубави, те поздрави Зоки’, и кој со години молчеше за криминалите на СДС и ДУИ – истите партии што го поставија на функцијата претседател,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека неговите оценки за стратешкиот документ се неискрени и доаѓаат од некој кој, како што велат, „правеше пактови на сервилност за личен опстанок на функција“.