Кајл Вокер сака да го напушти Манчестер Сити

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Една од главните теми по убедливата победа на Манчестер Сити против Салфорд во третото коло од ФА Купот беше Кајл Вокер.

Сити победи со 8-0, а Вокер го немаше во тимот.

„Во неговиот ум, тој е подготвен да ја истражи можноста да замине во друга земја, да ги одигра последните години на друго место. Постојат неколку причини за тоа. Пред два дена ни кажа дека сака да ја заврши кариерата на друго место“, потврди Гвардиола дека Кајл Вокер го известил клубот дека сака да си замине.

„И затоа повеќе сакам да имам играчи на теренот кои се тука со главиte“, додаде Гвардиола.

Вокер освои 17 трофеи со Сити – вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Тој во клубот пристигна од Тотенхем во 2017 година за 50 милиони фунти.

Многу се зборуваше дека ќе замине во Баерн во летото 2023 година, но потоа го продолжи договорот со Сити до 2026 година.

„Не можевме ни да ги замислиме сите успеси што ги постигнавме без Кајл. Беше фантастичен. Но, тој рече дека сака да си замине“, заклучи Гвардиола.

Слични содржини