Можеби е чудно овие две познати личности да се стават во ист контекст, но неодамна Кајли Џенер, со својата империја го надмина и Марк Закерберг, сопственикот на Фејсбук.
Таа успеа да стане милијардер на само 21 година, нешто што Закерберг го постигна кога имаше 23 години. Фејсбук сигурно е најпосетуваниот интернет-домејн веќе долги години, но кога за првпат беше лансирана онлајн-продавницата на Кајли, сајтот неколкупати падна поради милионските посети.
Нејзината целокупна империја, во која спаѓаат козметиката, брендираната облека која ја потпишуваат заедно со сестра ѝ Кендал, како и инфлуенсерскиот дел на социјалните мрежи, се проценува дека вреди повеќе од 1,5 милијарда долари. Само за една спонзорирана објава може да заработи и по неколку милиони.