Кајли Џенер откри дека неодамна и самата патувала со истиот хеликоптер во кој загина Коби Брајант, а го управувал и истиот пилот, Ара Зобајана.
Кајли на инста-стори објави сочувство до починатите. Хеликоптерот го изнајмила минатата година за роденденот на нејзината внука Дрим, ќерката на брат ѝ Роб, а летот бил роденденски подарок за неа. Оттогаш уште неколкупати патувала со хеликоптерот.
„Почивајте во мир. Се молам за семејствата. Не можам да верувам дека ова се случи. Со тој хеликоптер летав и јас, исто и со тој пилот. Беше прекрасна личност. Држете ги своите блиски до себе“, напиша Кајли.
Хеликоптерската несреќа, која се случи во неделата, не ја преживеа ниту еден од патниците. Меѓу загинатите беше и легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи.