Кајли Џенер организираше луксузна забава за Ноќта на вештерките, нејзиниот костим ѝ ги истакна облините

од Stefanija Kuzmanovska

Американската ријалити ѕвезда и најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер (23), веќе организираше забава за Ноќта на вештерките, а по тој повод, таа и нејзините пријатели се маскираа во Моќните ренџери.

Имено, таа и нејзините пријатели носеа костуми во различни бои и се обидоа да ја имитираат славната петорка од ТВ-екраните.

Потоа беше организирана забава каде тие танцуваа, се фотографираа и вечераа, а во таа прилика Кајли Џенер ги истакна сите свои атрибути – голем задник, секси гради и многу тесен струк.

Под секси црвениот костум таа носеше бела танга која ја имаше кренато на колковите и можеше да се видат низ процепот на костумот, а носеше и високи бели кожни чизми. Секој од нив имаше перика во соодветна боја на костимот, па затоа Кајли беше огнена црвенокоса.

Забавата траеше кратко, поради мерките предвидени за време на пандемијата на коронавирусот, а Кајли не сакаше толку брзо да го соблече костимот на крајот на вечерта, па дополнително се снимаше и фотографираше за Instagram Story.

loading...

Слични содржини