Кајли Џенер продаде дел од својата компанија за 600 милиони долари

265 прегледи

Кајли Џенер го продаде својот дел во својата компанија „Kylie Cosmetics“ за 600 милиони долари на Coty Inc.

Така Coty стекна 51% од контролниот удел во компанијата која Кајли ја основа на само 18 години. The Wall Street Journal пишува дека Кајли и понатаму ќе остане заштитно лице на брендот кој ќе биде преименуван во „Kylie Beauty“.

Вредноста на брендот е проценува на околу 1,2 милијарди долари. Во изјавата на Coty се вели дека се очекува брендот, оваа година, да генерира продажба од околу 200 милиони долари. Coty ги опфаќа брендовите како „OPI“, „Cover Girl“, „Clairol“.

Оваа година Кајли ја стекна титулата најмлада самонаправена милијардерка.

Првата милијарда ја заработи со само 21 година, па така го претрка и Марк Зукенберг, кој својата прва милијарда ја заработи на 23 години.

Кајли ја имаше својата прва работа во семејното реално шоу „Keeping Up With the Kardashians“. Таа имала само девет години кога шоуто започна да се емитува. Оваа година се прикажува 16. сезона, а Кајли покрај тоа поткренала свое релално шоу „Life of Kylie“ кое кратко се прикажуваше во 2017 година.

Во 2013 година Кајли на само 15 години, со сестра си Кендал започнале со своја линија на облека. Брендот за кратко се раширил во САД, но и во светот. После тоа, Кајли ја основа компанијата Kylie osmetics, својот најуспешен проект.

Слични содржини