Кајли Џенер: Убаво ми е што станав славна, не се сеќавам на животот претходно

од Elena Daskalova
364 прегледи

Кога почна реалното шоу на Кардашијан, Кајли беше едвај тинејџерка, па сосема е во право кога вели дека на периодот кога не била славна не се ни сеќава.

Од друга страна, таа е ќерка на поранешен олимпиец и на поранешната сопруга на адвокатот Роб Кардашијан. Кајли имала само 10 години кога започнала продукцијата на реалното шоу, така што може да се каже дека растела пред камерите.

„Мислам дека сум благословена што славата ми дојде така рано, јас не се сеќавам како е да си непознат и да не си постојано во центарот на вниманието“, била искрена таа во интервју за Харперс Базар.

Кајли денеска има само 22 години и милијарди на сметката. Таа, исто така, ја учи малата Сторми дека не е обично дете, туку дека е член на светски популарно семејство.

„Се трудам да ѝ го дадам тоа до знаење, да знае дека нашиот живот не е обичен“, признала Кајли.

Нејзините изјави многумина ги протолкувале како егоистични и игнорантски кон светот кој не е вклучен во тој затворен круг на слава, пари и елитизам.

Слични содржини