Какао десерт со урми и авокадо

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

Подлога:

– 50 гр урми

– 100 гр крупно мелени бадеми или лешници

– 80 гр мелени интегрални бисквити

– малку цимет

– 1-2 лажички јаворов сируп

Фил:

– 2 зрели авокада

– 3-4 лажици какао

– 1 банана

– 1 ванилин шеќер

– 3-4 лажици мед или јаворов сируп

Подготовка:

Урмите излупете ги и ситно исечкајте ги. Ако се суви, потопете ги во топла вода 15 минути.

Додадете крупно сечкани бадеми или лешници, по желба, цимет и мелени бисквити.

Се убаво измешајте со додавање на јаворов сируп за да добиете леплива смеса.

Потоа, смесата за подлога распоредете ја во чинии за сервирање кои претходно сте ги посипале со бисквити и оставете ги во фрижидер додека го подготвувате чоколадниот крем со авокадо.

Кремот ќе го подготвите така што авокадото ќе го преполовите, со вилушка ќе го одвоите месото од кората и ќе го ставите во блендер.

Во 100 милилитри топла вода растопете го какаото и убаво измешајте. Додадете во блендер заедно со бананата, ванилиниот шеќер и медот.

Измешајте сè во блендер додека не добиете мазна смеса.

Добиената смеса нанесете ја на подлогата. Чувајте во фрижидер до сервирање. Декорирајте по желба.

Слични содржини