Како Америка планирала да го замолчи Асанж: Една од опциите била да го киднапираат, а втората е многу полоша

од Aleksandar Petrovski
439 прегледи

Американските разузнавачки служби и приватна компанија за безбедност, кои интензивно го прислушувале Џулијан Асанж, ја разгледувале можноста за труење и киднапирање на основачот на Викиликс од еквадорската амбасада во Лондон, соопшти во средата Врховниот суд во Лондон.

Детали за операцијата за шпионирање на Асанж и сите оние кои го посетија во амбасадата, во средата ги презентираше поранешен вработен во шпанската компанија за безбедност „УЦ Глобал“. Според него, биле поставени микрофони за да се прислушкуваат разговорите на Асанж со адвокатите, а отпечатоците од прстите му биле земени од стаклото од кое пиел. Според пишаната изјава, дури се планирало да се земе и пелената од бебето што мајката му го носела кај Асанж.

Основачот и директор на „УЦ Глобал“, Дејвид Моралес, рече дека „Американците“ сакале да го утврдат татковство на тој начин, но планот наводно паднал во вода кога поранешен вработен ја предупредил мајката на детето.

Поранешниот безбедносен работник и друго лице поврзано со УЦ Глобал им било дозволено да останат анонимни во вторникот откако на сослушувањето рекоа дека се плашат дека Моралес или други луѓе во Соединетите држави поврзани со него можат да им наштетат.

Детали од нивното писмено сведочење во Врховниот суд во Лондон ги прочита во средата Марк Самерс, еден од адвокатите на Асанж, кој се бори против неговата екстрадиција во САД, каде што е обвинет за откривање на доверливи документи, кои наводно сведочат за американски воени злосторства и злоупотреби. ”

Според еден сведок, „УЦ Глобал“ потпиша договор со компанијата „Лас Вегас Сендс“, сопственост на американскиот милијардер Шелдон Ајделсон, пријател и поддржувач на Доналд Трамп, кој во тоа време беше претседателски кандидат. Потоа, Моралес се врати во својата канцеларија во Херез, на југот на Шпанија и објави: „Отсега играме во првата лига“. Сведокот додаде дека компанијата на Моралес соработувала со американската влада, која, како што им рече, ќе им обезбеди договори низ целиот свет.

Тогаш започнал софистицираниот метод за следење на Асанж, кој се интензивирал откако Трамп ја презеде функцијата во 2017 година, пренесува „Гардијан“.

– Моралес понекогаш покажуваше опсесивно однесување кога станува збор за шпионирање на адвокати затоа што „тоа го побараа нашите американски пријатели“ – додаде сведокот.

Друг сведок, ИТ експерт, кој се приклучи на компанијата во 2015 година, потврди дека Моралес често патувал во САД. Во декември 2017 година, тој доби задача да инсталира нови камери во зградата на амбасадата, кои, за разлика од претходните, исто така ќе снимаат звук. Моралес бараше камерите да имаат можност да емитуваат во живо, „за да можат нашите пријатели во САД“ да следат што се случува во реално време.

Според него, тоа го „вознемирило“ тогашниот вработен, кој рекол дека не е технички изводливо, на што Моралес му испратил документ со детални упатства.

„Очигледно тој доби документ од трето лице, за кој сведокот претпоставува дека е американско разузнавање“, рече Самерс додека читаше делови од сведочењето.

Сведокот одбил затоа што тоа било незаконско. Тој исто така рече дека партнерите на компанијата во САД биле нервозни во моментот кога се чинело дека Асанж ќе добие дипломатски пасош од Еквадор и ќе отпатува во трета земја.

Во една прилика во 2017 година, Моралес, наводно, рекол дека неговите американски партнери предложиле „поекстремни мерки“ против посетителите на Асанж.

– Тие предложија вратата од амбасадата да не биде заклучена за да може некој да влезе и да го киднапира или затруе Асанж – изјави сведокот и додаде дека Моралес разговарал за таквите можности со партнерите во САД.

Од него беше замолено да става налепници на прозорецот од просториите на амбасадата, кои Асанж ги користеше за да им помогне на „американските пријатели“ да инсталираат микрофони поуспешно, но плановите не успеаја затоа што Асанж применуваше контрамерки, т.н. “Бел шум”.

Слични содржини