Веќе е официјално – Лионел Меси нема да го продолжи договорот со Барселона, а каталонскиот клуб се прости од својата најголема sвезда преку Твитер.
„Благодарам, Лео“, беше кратката порака со најдобрите потези што Меси ги направи во нивниот дрес.
Конференцијата на Барса се очекува в петок во 11 часот.
Бомбата прво ја објави шпанскиот реномиран весник „Марка“, кој на својата насловна страница објави дека договорот меѓу Меси и Барса е речиси невозможен, а набргу потоа и самиот клуб излезе со соопштение и рече дека соработката нема да се продолжи.
Сите се прашуваат кој клуб ќе го избере Меси, особено што и поранешниот капитен на Барса не знае каде ќе игра.
Thank you, Leo. pic.twitter.com/cdS9xWe8Me
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2021