Како без лекови да го намалите шеќерот во крвта?

од Vladimir Zorba
504 прегледи

Високиот шеќер во крвта може да стане сериозен здравствен проблем. Тоа е особено опасно за оние со дијабетес и може да предизвика оштетување на нервите, бубрезите и срцето.

За среќа, постојат едноставни и ефективни начини за намалување на шеќерот во крвта.

Консумирајте помалку шеќер

Се препорачува помалку од 20% од вкупните калории во еден ден да бидат шеќер. Затоа, најдобриот начин да го намалите шеќерот во крвта е едноставно да го ограничите внесот.

Променете ја исхраната

Заменете ја храната богата со шеќер со поздрави алтернативи. На пример, слатките заменете ги со овошје, а соковите со вода и чаеви без шеќер.

Вежбајте

Вежбањето гарантира дека вашите мускули користат шеќер во крвта и дека вашиот метаболизам е добро регулиран. Вежбањето исто така ја зголемува чувствителноста на инсулин и хормоналните функции кои се клучни за спречување на дијабетес.

Контролирајте го нивото на стрес

Стресот и недоволното спиење може да предизвикаат висок шеќер во крвта поради нередовни оброци, поголем внес на брза храна, зголемено лачење на хормони на стрес и намалена чувствителност на инсулин. Затоа, треба да се одржува здрав режим на спиење и да се контролира нивото на стрес.

Намалете ги порциите и распоредот на оброците

Помали порции и почести оброци во текот на денот – ова се покажа како добитна комбинација за намалување на шеќерот во крвта и ризикот од дијабетес. Времето, зачестеноста и видот на храната се клучни за нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажуваат дека најдобро е да изберете храна богата со влакна, пробиотици, јаткасти плодови, цели зрна и храна која нема многу скроб, пишува „Eat this“.

Слични содржини