Може да изгледа како клише, но 1 на 5 признава дека претпочита да створи ново познанство или да флертува во салата, отколку да проба во дискотеката, кино или во некој друг локал, се вели во новата студија на мобилна апликација за средби Happn.
Не е толку тешко да се судрите со потенцијална сопруга во салата.
Штом и двајцата сте таму, очигледно веќе имате нешто заедничко – страста кон спортот и стремеж за убава фигура и здрав начин на живот. А сепак, како секое состанување и ова има свои особености и човек треба да биде подготвен и внимателен, за да остави соодветен впечаток. Еве неколку совети во оваа насока од страна на Извршниот директор на Happn Мари Конрад:
1. Бидете редовни
Посетувајте ја салата во одредено време и редовно. Така ќе го детектирате човекот кој ве интересира и тој потсвесно ќе се навикне на присуството, кое ќе ви помогне полесно да започнете разговор во даден момент.
2. Бидете достапни
Не се заглавувајте во еден агол на салата, туку прошетајте, пробувајте различни апарати, за да не пропуштите некој интересен посетител на салата, кој може да го привлече вашето внимание. А и така и останатите луѓе ќе можат да ве забележат.
3. Не “репризирајте”
Не се префорсирајте со 100 кг тегови десетици пати или да правите стотици склекови, само за да привлечете поглед. Се гледа кога човек се пресилува само и само да се пофали со силата и издржливоста и тоа не прави добар впечаток. Покрај тоа ризикувате да се повредите.
4. Споделете го вашето знаење, но не ги поправајте другите
Повеќето луѓе во салата се со јасна свест дека можат сами да се грижат за формата и знаат точно што прават. Затоа мразат некој да им кажува што да прават, освен ако тие самите лично не побарале совет. Подобро споделете што функционира за вас и она што сте го научиле, но не го наметнувајте мислењето на другите и не ги поправајте, освен ако експлицитно не ве замолат.
5. Бидете позитивни и пријателски настроени
Влегувајте во салата со насмевка на лице, флертувајте, но ненаметливо и не заборавајте да давате комплименти на останатите кои тренираат. Ова ќе ве направи посакуван соговорник и придружник и ќе ве зближи со многу различни луѓе, некои од кои може да ви разбудат романтични помисли.