Како да го направите понеделникот попријатен

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Повеќето луѓе ги сметаат понеделниците за исклучително непријатни денови. Одморот секогаш е краток, а работната недела толку долга. Ова се однесува и за луѓето кои ја сакаат својата работа – како сите други, тие исто така понекогаш имаат потреба од подолг период на релаксација.82d41ac8076ad0a961a6901908ac810d

Вината не е во нив, па не се обвинувајте непотребно за мрзеливост, во случај  и вие да спаѓате во оваа група.

А, сепак – понеделниците се факт кој не треба да ни го расипува почетокот на работната недела. Доволно е само да се обидете да следите неколку едноставни совети со кои ќе го направите понеделникот поподнослив, а зошто не и попријатен за вас. Држете се до советот секоја недела во текот на неколку месеци и сами ќе ја почуствувате разликата!

1. Организирајте ја неделната вечер

Една од причините поради која понеделниците се толку непријатни е што човек тешко се префрла од режим “одмор” во режим “работа”. Од оваа причина е убаво да одделите по 30 минути секоја неделна вечер, за да го организирате својот понеделникот. Подгответе облека, зададете си задачи и распоред. На овој начин ќе бидете помирни и ќе го избегнете утринскиот стрес во раните утрински часови на Понеделник.

2. Ручајте со пријател

Започнувајте го секој понеделник со интересна и пријатна средба за вас. Ако имате можност, јадете го ручекот на пауза со некој ваш пријател или со човек кој би ве мотивирал во однос на работата. Одличен старт на целата недела!

3. Прочитајте една инспиративна статија

Се разбира, најдобро би било оваа статија да биде поврзана со вашата работа, но дури и да не е со оваа тематика, најважно е таа да ви делува инспиративно. Изберете си статија која ќе ви даде енергија да продолжите да се развивате и да гледате позитивно на животот, вклучувајќи и на понеделниците.

4. Започнете го понеделникот со тренинг

Вежбите рано наутро ќе ви помогнат да се наполните со повеќе ендорфин. Тоа значи дека ако вежбате наутро во понеделник, ова ќе ви овозможи подобро расположение за целиот ден.

5. Кажете си неколку мотивирачки реченици

По интензивниот викенд исполнет со пријатни моменти, можеби ви се чини многу несоодветно веднаш да започнувате со интензивна работна недела. Ако сепак во неделата вечер и понеделник наутро си кажете по неколку мотивирачки реченици, сигурно ќе се чувствувате подготвени за работа. Вие можете да се справите со сето тоа – не заборавајте тоа да го спомнувате.

6. Користете ја моќта на музиката

Ако понеделникот наутро не сте особено енергични, освен чашата кафе, убавата музика исто така може да ви помогне. Слушнете неколку од вашите омилени песни и ќе видите како понеделникот веќе нема да ви изгледа толку лош.