Од сите Хороскопски знаци, луѓето од знакoт Стрелец се најчудниот, најоптимистичкиот и најзабавниот избор за партнер со кого можете да поминете еден насмеан живот.
А сепак не е лесно да се “врзете” и да направите среќен човек од овој Хороскопски знак.
Еве и кои се главните работи што треба да се имаат предвид ако имате поврзување со вистински Стрелец:
1. Не му ја ограничувајте слободата
Стрелците, слично на претставниците на Водолија, се најслободољубивите индивидуи во Зодијакот. Ова се однесува со полна сила во однос на нивната приватност. Ако се обидете да наметнете правила на партнерот Стрелец, таа ќе започне да се противи. За луѓето од овој знак независноста е од огромно значење. Ако се обидете да ги командате, ограничите и / или управувате, тие ќе избегаат и никогаш нема да погледнат назад.
2. Покажете му ја приврзаноста … на отворено
Овие луѓе ги сакаат вашите авантури и јавната манифестација на љубов. Сексот на отворено според нив е одличен. Но, дури и само бакнежи и прегратки меѓу природата исто така би им се допаднале доста.
3. Не го присилувајте за посериозен ангажман
Вашиот стрелец може да ве обожава, но ако го притискате за брак и деца, во случај да тој не се чувствува подготвен, може да се повлече. Луѓето од овој знак се подготвени да го следат до крајот на светот саканиот, но секој еден посериозен вид врзувње ги плаши. Ако сте среќни со вашиот Стрелец, не го терајте да потпишува официјален лист хартија (ако тој не сака), за да го “врзете” или скротите.
4. Не дејствувајте со совети – комуницирајте јасно
Давање совети кон еден вистински стрелец е целосно губење на време. Овие луѓе сакаат да комуницираат јасно и директно со дела и зборови. Тие дури и не се разбираат од совети. Ако сакате вашата партнерка да разбере што мислите или чувствувате – само треба да ѝ кажете. Ако сакате специјален подарок кој партнерот Стрелец треба да ви го направи – почнете да бладате. Не контактирајте со партнерот преку кодирани пораки, гестови или сигнали!
5. Никогаш не го лажете
Дури и да ве боли, бидете искрени со Стрелецот, бидејќи тој тоа го очекува од вас. Овој човек ја цени вистината и ја мрази лагата. Тој нема да ви ја прости измамата или некоректноста. Побрзо би заборавил за вашиот гаф, ако му го признаете навреме.