Како да имате негувана кожа како на холивудска ѕвезда?

од desk4
222 прегледи

Холивудскиот дерматолог Харолд Ленсер може да се пофали дека се грижел за кожата на лицето на многу познати ѕвезди, меѓу кои и Викторија Бекам и Бијонсе.

Според него, секоја жена може да има холивудска нега во домашни услови, само со малку труд, промени во начинот на живеење и попосветена нега.

Ова се неговите совети:

1. Врелата вода ја суши кожата. Мијте го лицето само со млака вода.

2. Навлаката за перница лесно се валка, особено поради остатоци од првут, влакна и епителни клетки. Менувајте ја барем двапати во неделата и перете ја со нежен детергент.

3. Намалете го внесот на шеќер и сол. Вишокот се исфрла од телото и во процесот на потење, па може да доведе до појава на акни.

4. Избегнувајте да го допирате вашето лице, затоа што може да ви се појават митесери.

5. Бришете го мобилниот телефон со антибактериски марамчиња или со памук и алкохол, за да избегнете префрлање нечистотии врз лицето.

6. Користете ја краставицата редовно – и како производ во исхраната и како маска за лице, исечена на тенки кругови.

7. Хидратацијата е клучна – пијте доволно вода.

8. Имајте редовен сон. Во текот на спиењето се стимулира создавањето на колаген.

Слични содржини