Како да изгубите килограми без да се откажете од благо?

од Stefanija Kuzmanovska

Иако многу строги диети наметнуваат ограничувања за консумирање благо, некои експерти сметаат дека тоа не е вистинскиот пристап и дека доведува до лош однос со храната.

Затоа, ако сакате да јадете нешто слатко, треба да се задоволите себеси. Ако сте љубител на десерти, но сакате да изгубите тежина, постојат многу здрави опции кои диететичарите ги препорачуваат дури и на оние кои се држат до калорискиот дефицит.

Одлучете се за десерти во контролирани порции
Само затоа што се обидувате да изгубите килограми не значи дека треба да престанете да јадете десерти. Наместо тоа, претпазливоста со големината на порциите може да направи разлика.

„Десертите во контролирани порции се добри опции за оние кои сакаат да ја контролираат својата тежина“, вели нутриционистот Лорен Манакер.

Уживајте во шолја зелен чај со вашиот десерт
Можеби нема автоматски да го поврзувате пиењето чај со јадење десерти, но таа комбинација може да биде не само вкусна туку и здрава.

Манакер предлага зелен чај со добра причина.

„Зелениот чај содржи кофеин и соединение наречено EGCG, за кое е докажано дека поддржува губење на тежината“, вели Манакер.

Потпрете се на природната сладост на овошјето
Ако сте љубител на овошје, потрудете се одвреме-навреме да се потпрете на вашата омилена сорта.

„Јадењето овошје може да помогне да ја задоволите вашата желба за слатки, а со тоа и да му ги дадете на вашето тело потребните влакна кои можат да помогнат да се контролира апетитот и да се постигне ситост“, вели Манакер.

Дозволете си да јадете каков било десерт
Понекогаш премногу ограничувања за губење на тежината може да имаат спротивен ефект.

„Кога ќе се ограничиме во исхраната и не си дозволуваме да уживаме во храната што ја посакуваме, желбата само ќе се зголеми“, вели нутриционистот Тејлор Весли.

„Желбата ќе продолжи да се зголемува, најверојатно, додека не се откажете. Во тој момент, поголема е веројатноста дека ќе изедете повеќе отколку што потечно сте сакале. Овој пристап всушност ви помага да ги задржите вашите одлуки и дисциплина на долг рок“, додаде Весли.

Слични содржини