Како да ја сопрете желбата за слатки засекогаш

364 прегледи

Сите кои некогап биле на диета знаат колку е тешко да се откажеш од слатките пороци. Според зборовите на неврологот Сузан Пирс Томпсон, вие не сте виновни за тоа туку вашиот мозок.

Pixabay

– Кога јадеме премногу благи работи, доаѓа до зголемување на инсулинот во нашето тело, кој го блокира лептинот. Хормонот лептин му кажува на нашиот мозок дека сме изеле доволно, што значи дека ние ќе продолжеме да јадеме и со тоа ќе ја нарушиме нашата диета – рекла др. Пирс.

Докторката исто така напоменува дека мора да бидеме свесни дека слатката храна поттикнува лачење на допамин, а доколку одлучиме да го намалиме внесот на слатки, всушност ќе сакаме уште една коцка чоколадо, исто како зависник.

Сузан верува дека мораме да ја отстранеме таквата храна од дома доколку сакаме нашата диета да успее, а сетоа тоа може да се постигне со четири едноставни чекори.

1. Исфрлете ја храната богата со шеќери

Докторката смета дека ова правило е најважно од сите четири.
– Доколку ги исфрлиме шеќерите од нашата исхрана, мозокот и телото ќе можат да заздрават – рекла докторката.

2. Намалете го внесот на брашно

Истата работа како и со шеќерот. Сузан брашното го нарекува „итар заводник“.

3. Јадете само три оброци на ден (доручек, ручек, вечера)

– Кога ќе влезете во рутина на јадење три оброци дневно, нема многу да копнеете по нездрава храна бидејќи ќе знаете кога доаѓа наредниот оброк – раскажала докторката.

4. Мерете ја својата храна

Докторката препорачува да ја мерите својата храна пред да ја изедете. На тој начин точно ќе знаете што внесувате во вашето тело.

Слични содржини