Сте направиле голема грешка и веќе ве открија. Сега не е време да се оправдувате, туку да ги прифатите последиците од своите постапки и да побарате прошка, за да го спасите бракот / врската.
Сè започна како “невин флерт” и неосетно работите се разгорија, се смирувате со мислата дека партнерот нема да дознае, но за жал, вистината излезе на виделина.Можно ли е да се добие прошка и да продолжите напред заедно?
Ќе биде потребно време, но со трпение, упорност и напор од ваша страна, имате шанса.
Еве и што треба да направите откако сте биле фатени во прељуба од саканиот:
1. Покажете дека се каете
Сега не е време да го обвинувате другиот за недостаток на внимание и нежност во обид да ги оправдате своите постапки. Признајте ја грешката и искрено замолете за нова шанса.
2 Уверете го / ја дека нема да се повтори и докажете ги зборовите
Зборовите не значат ништо без дејство. Еднаш веќе сте излажале, затоа е логично тој / таа да биде скептичен / а за ветувањата. Со времето покажете му на партнерот дека навистина го сакате само и единствено него / неа и повеќе нема да неверства.
3. Анализа на активностите
За да се заштитите од нова грешка, важно е да дознаете што ве поттикнува кон неверство. Опишете ги со партнерот причините, но без да го / ја обвинувате. Обидете се да ги решите проблемите, за да не се случи повторно.
4. Кажете му на партнерот сè
Од СМС, до пораките на фејсбук. Откако сте го признале стореното, довербата е кревка, затоа не треба да има повеќе изненадувања. Нека ја чуе целата брутална вистина од вас, за да може да започнете да се искупувате.
5. Променете се спрема партнерот
Поминувајте повеќе време со него / неа, правете ги неговите омилени работи. Сега тој / таа се чувствува предадено и многу е важно да и / му докажете дека неверството било грешка и не сакате да ја повторите, бидејќи сакате да бидете само со човекот спроти вас.
6. Разбирете дека простувањето бара време
Во почетокот тој / таа ќе биде во шок. Ќе се кажат грди зборови, ќе има скршени предмети.Не се обесхрабрувајте и реагирајте смирено. Тој / таа треба да го излее гневот и емоциите, за да може да ви прости.
7. Побарајте професионална помош
Ако двајцата заедно не може да се справите со ситуацијата, но сакате да го задржите бракот / врската, не двоумете се да побарате професионална помош. Третиот човек ќе биде објективен и ќе ви даде адекватен начин како да ги зацврстите односите и да продолжите напред.