Како да му помогнете на некој кој паничи поради коронавирусот

378 прегледи

Додека владее пандемијата на никого не му е лесно, но некои луѓе потешко се носат со новонастанатата ситуација.

Доколку некој од вашите блиски е во паника поради се што се случува и не знаете како да го утешите, овие совети би можеле да ви бидат од помош:

Останете поврзани

За да го сочувате своето ментално здравје, потребна ви е поврзаност со луѓе. Додека сте во изолација најдобар начин за тоа се видео повиците. Одвоите малку време од денот за разговор со блиските и тоа ќе ви биде одлична утеха.

Дистракција

Дистракцијата е најдобар начин за моментално смирување на некој кој паничи, затоа, на таа личност предложете ѝ некоја занимација како вежбање или гледање некој филм.

Разговарајте за чувствата

Најлошо нешто што можете да го направите кога некој пати е да го одбегнувате разговорот за проблемите и да им кажете дека се ќе биде во ред. Подобро е да ги пуштите да зборуваат отворено за своите чувства и да ги слушате бидејќи тоа може да делува терапевтски на нив и да ги смири.

Бидете внимателни кон другите

Без разлика дали сте во изолација со цимери, партнер или семејство, на никому не му е лесно да биде затворен во 4 ѕида цел ден, па затоа е исклучително важно да бидете свесни за туѓите чувства.

Сетете се дека на никому не му е лесно и бидете свесни за тоа. Разговарајте отворено за своите чувства и дајте си поддршка за да имате мир во домот и да го сочувате менталното здравје.

Слични содржини