Како да одберете здрав леб?

од Берта Китинска
835 прегледи

Во денешно време, голем предизвик е да се внимава на исхраната поради брзото темпо на живот, секојдневните обврски и деловните ангажмани. Но, од друга страна, здравата храна е сега подостапна од кога било, па веќе нема силни изговори за тоа зошто не се храниме поздраво.

Една константна стигма што кружи во нашето општество е дека кога ќе одлучиме да се храниме здраво, лебот треба да се избегнува, а нашите дневни оброци да бидат составени од повеќе зеленчук, овошје, помалку месо и речиси без тестенини и производи од брашно. Она што е изоставено во ова мислење е балансот на исхраната. За правилно функционирање на еден организам најважна е балансираната исхрана, односно внесување разновидна храна во умерени количини.

Ако ја погледнеме пирамидата на исхраната, ќе видиме дека со секој оброк е препорачано да се консумира најмалку едно парче леб. Секако, интегралниот леб е правилниот избор бидејќи е извор на Б витамини и растителни влакна. Најмала доза на консумација имаат маслото, мастите, шеќерот и солта. Потоа, на следното ниво, со поголема застапеност во исхраната, се месото, рибата и мешункастите плодови, заедно со млекото и млечните производи, кои се извор на протеини кои се важни за организмот. Следуваат овошјето и зеленчукот кои се препорачува да се консумираат често и тоа комбинирани или, пак, самостојно во текот на целиот ден. Најзастапени во пирамидата се токму јаглехидратите односно житарките (леб, тестенини), ориз и компир. Овие намирници се препорачани во оптимални количини во секојдневното мени.

Знаејќи го овој факт, следно прашање е како да одберете здрав леб кој може да го консумирате секојдневно?

Одговорот е дека најважно е да одберете леб кој е 100% интегрален, што значи направен од цели зрна жито, да има 3-5 грама влакна и 3-4 грама протеини по парче и да нема бои, конзерванси и додадени шеќери.

Бренд на нашиот пазар што нуди сѐ што барате е водечкиот производител на брашно и леб, Жито Лукс, кој следејќи ги современите текови во исхраната, лансираше категорија Супер лебови со висока нутритивна вредност, произведени од супер состојки (super foods) какви што се чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант. Направени се со 100% целозрнести и минимално процесирани состојки, без додадени засладувачи, без бои и конзерванси и без палмина маст.

Со некој од овие лебови спокојно можете да ги вршите сите дневни обврски, додека се чувствувате и изгледате здраво, знаејќи дека ја правите правилната одлука за избор на здрав леб во вашата исхрана.

Слични содржини