Како да разликувате настинка од алергија?

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Алергискиот ринитис е хронична болест која во својата основа има имунолошки одговор на безопасни материи од надворешната средина кои телото ги препознава како штетни.

Најчест алерген е поленот, па затоа времето на појава на овие тегоби е поврзано со периодот од рана пролет до есен. Симптомите се слични на симптомите на настинка и многу е важно да се разликуваат, за да се постави вистинската дијагноза, пишува „Вијести“.

Тие вклучуваат: водена ринореја, назална конгестија, кивање, кашлица и назален пруритус.

За разлика од настинката, алергискиот ринитис нема покачена температура и симптомите траат подолг временски период.

Третманот вклучува употреба на нефармаколошки и фармаколошки мерки.

Нефармаколошките мерки може да бидат независна форма на третман за благи симптоми или може да се користат за поддршка на конвенционалната терапија.

Тоа се:

Испирање на носната слузница со солен раствор кој може да се најде во форма на спрејови и капки во аптеките;

Конзумирањето до три лажички мед дневно се покажало како корисно за намалување на симптомите на алергиски ринитис и сува кашлица со обложување на мукозните мембрани и намалување на чувството на скокоткање;

Употребата на кверцетин, соединение природно присутно во јаболката, агрумите, магдоносот, каперсите, црвеното вино.

Употреба на пробиотици

Фармаколошката терапија најчесто вклучува употреба на:

Орални антихистаминици за благи до умерени симптоми. Ефектот на овие лекови е брз и се јавува по 1 до 2 часа;

Интраназални кортикостероиди за умерени до тешки форми и чести симптоми. Ефектот се јавува побавно, по 12 до 24 часа и го достигнува својот максимум во рок од неколку недели;

Интраназални антихистаминици кои се ефикасни како и оралните антихистаминици при сезонски алергии, а ефектот се јавува побрзо, по 20 минути.

Често се користат деконгестиви во вид на спрејови и капки кои брзо ги отстрануваат симптомите на назална конгестија и ринореа, но потребна е претпазливост при нивната употреба. Поради несакани ефекти, нивната употреба е ограничена на период од три до пет дена.

Слични содржини