Спрема шминката и неjзината употреба, дамите се поделени главно на два табора – приврзанички и скептици.
Несомнено козметичките производи можат да бидат колку корисни, толку и да го уништуваат изгледот.
Сето ова зависи единствено од правилната техника на нанесување и внимателната селекција на точниот тип шминки кои одговараат на типот на кожата, кој го имате.
Ако навистина мразите пудра и единственото што замислувате при споменувањето е портокалово лице, тогаш знајте дека дефинитивно не е така.
Апсолутно можно е да се постигне единствено и соодветно израмнување на тенот и свилен изглед кожата, кој се сложува со природната боја.
На крајот на краиштата, производот е измислен за да им помага на жените, не да ги тера да изгледаат полошо. Ви ги претставуваме основните начини со кои брзо ќе се навикнете на пудрата, особено ако не сте ѝ биле голем фан досега.
1. Најдeтe ja правилнатa боја
Најосновниoт дел од изборот на правилната пудра е нејзината боја. Ако навистина допрва проодувате во користењето на таков тип козметика, подобро не брзајте да ги купувате најскапите брендови.
Може да се покаже дека едноставно не ви се допаѓа и да ја фрлите некаде во длабочините на несесерот. Ако сепак одлучите да ѝ дадете шанса, внимателно консултирајте се со специјалист во продавница или испробајте мала количина на вилицата настрана од брадата.Така ќе можете да процените на дневна светлина најдобро која е вашата точна боја.
2. Подгответе ја вашата кожа
Задолжителен чекор пред нанесувањето на пудра е да е хидрирана добро кожата.Можете да користите соодветен крем за лице или основа – така ќе го избегнете ефектот на дамки или пилинг. Добро е да се даде можност на кожата да се впие нанесениот производ – почекајте најмалку 10 минути пред да нанесете пудра.
3. Користете BB крем или навлажнувачки производ со боја
Не земајте пудра како течна маска, која по нанесувањето се стврднува на вашето лице. Тоа воопшто не е така. Вистината буквално е некаде во средината – тоа е производ кој е мешавина помеѓу BB крем и хидратантна козметика со боја.
Идејата му е само да израмни тенот и да ги прикрие деликатните недостатоци како пигментни дамки, црвенило или пори. Ако сè уште не може да се навикнете на неговата употреба, секогаш можете да се вратите на користење само на хидратантен крем.