Кој е клучот за создавање успешен фудбалски тим. Дали тоа се играчите, или тренерот, сопственоста, управата на клубот е главната состојка за успехот на тимот? Има и други фактори, или комбинација од фактори, поради кои некои тимови успеваат да достигнат неверојатни височини, додека други никогаш не излегуваат од локалните натпревари.
Во македонската прва лига се случија многу превирања што целосно го изменија изгледот на табелата во првата и втората лига и го дава одговор на прашањето – што е потребно за да се создаде успешен клуб подготвен за натпреварувања во европските лиги.
Примерот со ФК Шкупи го опишува патот што еден клуб може да го има. Сега Шкупи е втор на табелата од првата лига, и сосема извесно ќе игра во европските натпреварувања, а пред неколку години тоа изгледаше можеби преамбициозно. Откако во 2018 година клубот ја смени сопственоста, започна комплетна трансформација. Со големи трансфери се вложува во нови играчи, дури 7 играчи во составот на Шкупи се донесени од странските лиги, а управата го следи развојот на тимот. Целиот тим е мотивиран што се гледа во играта и резултатите, Шкупи игра во европски натпреварувања што е голем успех за клубот и воопшто за македонскиот фудбал. Мотивираноста на тимот доаѓа и од самиот менаџмент, односно управата на Шкупи работи и создава начини за дополнителни приходи, што повторно ги вложува во тимот. Резултатот е успешен тим и полни трибини.
Со ФК Шкупи, македонскиот клупски фудбал доживува редефинирање и ја наоѓа формулата за создавање успешен клуб и тим. Гледаме како се менува третирањето на клубовите и играчите, и европските натпреварувања и за нас ќе станат реалност. Вложувањата во играчите, избор на стратег, вложувања во опрема, во кондициони подготовки, што некои клубови како Шкупи ги имаа уште пред неколку години, е формулата за успех.
Фудбалот е спорт во кој се содржани многу интереси. Играњето фудбал е вештина, знаење, талент а водењето и одржување успешен фудбалски тим, нешто сосема друго. Сето тоа добива смисла само пред публиката, со посетени натпревари и полни трибини. Публиката очекува резултат којшто пак произлегува од двата аспекти – квалитетот на играчите и управувањето со тимот. Со формирањето на новата конференциска лига на европските натпреварувања, се отвораат многу можности и за останатите мали но успешни тимови а тука е местото и на македонските клубови.