Пиењето на апчиња може привремено да се смири и го реши проблемот со главоболка, но ако тоа е хронично или често се соочувате со мигрена, ви треба подолготрајна и цврста стратегија.d31a741d88c63fd602405c072e4b5dfe

Директорот на центарот за главоболка во Менхетен д-р Александар Москоп има неколку идеи за тоа како да се справите со непријатните болки во главата и тоа трајно и ефикасно.

Вежбајте

Редовните вежби и потење ја намалуваат значително главоболката и мигрената, убеден е експертот. Причината е дека при спортот телото лачи ендорфин, кој ги блокира рецепторите за болка. Доволно е да одделите по 30 минути 3 пати неделно за спорт (џогирање или интензивно кардио), за да се ослободите од непријатното главоболка.

Јадете ореви и зелен зеленчук

Магнезиумот е многу добар лек против главоболка и мигрена. Препорачаната дневна доза за возрасни е 400 мг. Тој се содржи во спанаќот, бразилските ореви, бадемите.

Намалете со кафето

Кофеинот помага на главоболката, изјави д-р Москоп. Многу од неговите пациенти признале дека како ќе испијат  неколку кафиња наутро, доживуваат силна главоболка попладне. Ако горчливиот пијалок не го толерирате, гледајте да не внесувате повеќе од 1 чаша на ден од него.

Спијте доволно

Дури и неколку часа спиење помалку во рамките на една ноќ, можат да предизвикаат главоболка следниот ден.Недостатокот на одмор го прави мозокот посензитивнен и подложен на мигрена.

Одмарајте

Обидете се да не правите ништо барем 20 минути на ден. Уште подобро, ако може да медитирате. Медитацијата докажано лекува мигрена и штити од стрес (еден од главните причинители на главоболка).

Растегнувајте и масирајте го вратот

Звучете чудно? Всушност е сосема логично. Висењето пред мониторот често води до болки не само во половината и грбот, туку и на вратот. Тоа од своја страна доведува до притискање на нервни завршетоци во мозокот и отклучувањето на мигрена и главоболка.

Не заборавајте да се раздвижувате редовно, ако седите зад биро и да се протегате на секои 2 часа.