Како да си направите новогодишен маникир со елкички

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Златен или сребрен брокат, сјај на кристали, црвени, зелени бои … Божиќ се приближува. Магијата на празникот се чувствува насекаде, дури и кај маникирот. Инспирирани од неговата убавина, споделуваме една лесна идеја за маникир со елкички.c55394e39e30ed207e1ccd0f29cafda5

Започнете со нанесување на основната боја лак. Поставете два слоја од него, а бојата не е задолжително да биде зелена. Ако добро погледнете ќе забележите дека во овој предлог главната боја е со брокати.3e2341038add003c4a0e25da3bbe6210

Потоа од мат селотејп или селотејп за маникир исечете неколку тенки и две дебели линиии. Ставете ги тенките ленти асиметрично, потоа поминете врз нив со златен лак . Нанесете од него два слоја.29a87b037159f1d0abf350d32535e8c3

Почекајте да се исуши добро, потоа отстранете го внимателно селотејпот. За финале залепете кристалче или елкичка.