Роверот Perseverance на НАСА, кој го истражува Марс, испрати фасцинантни фотографии на Земјата на кои се гледа панорама на Црвената планета. Она што е посебно кај овие фотографии со висока резолуција е тоа што тие фаќаат поглед широк 360 степени кон околината на роверот во езерото Кратер.
Роверот ги направил фотографиите помеѓу 15 и 26 април, па затоа е можно да се забележи малиот хеликоптер Ingenuity. Панорамата, која ја составија експерти на НАСА од 992 индивидуални фотографии, е создадена благодарение на „десното око“ на камерата на роверот.
Кога сето тоа ќе се собере, на фотографијата има 2,4 милијарди пиксели.
Што точно Perseverance виде и слушна околу себе, можете сами да проверите затоа што НАСА објави интерактивно видео и фотографија со која е можно да ја истражите панорамата и да наидете на некои важни места како што е местото за слетување на самиот ровер.
Уште кога слета на површината на Марс на 18 февруари, Perseverance беше прилично зафатен. Тој успешно го пушти хеликоптерот Ingenuity, го сними неговиот прв лет, демонстрираше можност за создавање кислород од атмосферата на Марс, зафати атмосферски звуци и направи повеќе од 75.000 фотографии.
И тоа е само почеток. Во текот на следните неколку месеци, објави НАСА, Perseverance ќе ја истражува површината на Марс и ќе ги земе првите примероци на почва кои потоа, во една од следните мисии, ќе бидат доставени на Земјата.