Академикот Владо Камбовски, запрашан како да стигнеме до независно судство, вели дека мораме преку механизмите како Судскиот совет и интервенциите во Законот за судовите да се создаде основната легислатива за простор за зајакнување.
-Сепак, клучот е во самите луѓе кои се избираат и кои ги вршат функциите во судството, интегритетот на судиите и членовите на Судскиот совет. Самиот закон не може многу да помогне, тој може да постави само одредени рамки, но, веројатно со сите искуства од минатиот период, ќе влијаат на тоа како да се набљудува улогата на судството – таа е трета независна и самостојна власт и што да се бара од луѓето кои работат во судството. На крајот на краиштата, она што го викаме правда или барање за правда е во рацете на јавните обвинители и судиите, рече Камбовски пред Научно-стручна расправа по Предлог Законот за Судски совет.