Клои Кардашијан беше непријатно изненадена кога нејзина необработена фотографија во бикини започна да се шири на социјалните мрежи за време на велигденските празници.
На сликата, таа носи минијатурно бикини со леопард принт, косата е врзана во репче, на лицето нема шминка, додека половината и изгледа малку поширока, а градите не ѝ се ни малку бујни како на другите фотографии.
Споменатата фотографија е објавена по грешка од нејзината асистентка, поради што ПР тимот на старлетата ги отстранува сите траги. Тие ги пријавуваат сите публикации поради повреда на авторските права, пренесува „Дејли меил“.
„Фотографијата во боја е направена за време на приватен семеен собир, а асистентката по грешка ја објавила на социјалните мрежи. Клои изгледа прекрасно, но таа е сопственик на авторските права и едноставно не сака да се шири фотографија на Интернет што не ни била наменета за објавување“, изјави Трејси Ромулус, главен директор за маркетинг на брендот KKW.