Бритни Спирс
Бритни Спирс упорно се грижи за својата фигура. Не е тајна дека за неа не е толку важен музичкиот звук колку танц успесите.
Сепак кореографијата отсекогаш била нејзината силна страна. Деновиве 34-годишната ѕвезда објавува фотографии во Instagram со нозе, покриени со модринки. Таа објасни тогаш дека хематомите се последица на напорните тренинзи.

Мајли Сајрус
23-годишната Мајли Сајрус е сериозен следбеник на јогата. Ѕвездата од телевизиската серија “Хана Монтана” ужива убава фигура и ја сподели во социјалниот сајт.

Бијонсе
До бременоста Бијонсе си признаваше дека не вежба многу. Поточно таа немала и потреба по многучасовните проби за познатите нејзини танц чекори. Може да се каже дека тие се доволна подготовка и целосно ги заменуваат фитнес вежбите. Откако роди бебе, ѕвездата привремено ги остави настрана концертите и сфати дека не може да избега овој пат од спортската сала. Во салата трча на патека, се занимава и со кикбокс, и со танцување. Секој ден станува во пет часот наутро за четиричасовнен фитнес маратон и така само за неколку месеци ја поврати претходната форма.
Никол Шерцингер
Неодамна стана јасно дека поранешната вокалистка на Pussycat Dolls – Никол Шерцингер, ќе се снима во римејк на “Валкано танцување”. 37-годишната убавица, која е и девојка на бугарскиот тенисер Григор Димитров, веќе започна со подготовките за кореографија на филмот.
Шакира
Колумбиската пејачка Шакира го роди во јануари минатата година својот втор син од фудбалерот Жерар Пике. Сепак таа има совршена фигура. 39-годишната ѕвезда, освен со танцување, ја одржува и со играње тенис. Стана јасно дека и го неговиот постар син како да ја држи ракетата.
