Како е донесена одлуката за Ерик тен Хаг?

од Milan1
114 прегледи

Тотална едногласност. Вака управниот одбор на Манчестер Јунајтед гласаше за отказот на Ерик тен Хаг. Процесот зад одлуката на раководството да го ослободи стручњакот од неговите должности е откриен од Sky Sports.

Клубот преку официјално соопштение објави дека Тен Хаг ќе го напушти клубот по повеќе од две години на чело. Помошникот на тренерот, Руд ван Нистелрој привремено ќе го преземе тимот.

Според известувачот на Sky Sports, одлуката ја донел управниот одбор на клубот по поразот од Вест Хем изминатиот викенд. Тој тврди дека тоа е резултат на „едногласна пресуда“ меѓу сите лидерски фигури.

Овој пат, никој не го бранел Тен Хаг.

„Зборуваме за INEOS, Сер Џим Ретклиф, Омар Берада, како и за семејството Глејзер. Сите едногласно одлучија дека Ерик тен Хаг мора да замине сега“, објави Каве Солхекол од Sky Sports.

Слични содржини