СДСМ го прашува градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски како е можно стан од 97 метри кавдартни да го добие за само 2.500 евра. Од партијата изнесоа нови информации за, како што велат, скандалот и шемите со станови во Куманово.
„Во 2010 година, Максим Димитриевски купува 10.000 м² земјиште за 10.000 евра. Односно по едно евро за квадрат. Тогаш не е градоначалник, но токму ова земјиште подоцна, кога станува градоначалник, е клучна алатка за оваа сомнителна шема. Во меѓувреме компанијата „Евгенија план ДОО увоз-извоз Куманово, добива дозвола за градење и гради зграда. Но, подолг период од непознати причини, оваа компанија не можела да добие технички прием.
Димитиевски станува градоначалник, компанијата не добива дозвола за технички прием, сè до моментот кога кумот на Димитриевски купува два стана во зградата од по 97 кавдрати. Потоа, техничкиот прием е одобрен.
Само неколку месеци потоа, истата 2022, еден од тие станови кумот му го префрла на Масксим Димитриевски со размена на недвижност. Ама не за реалната цена од околу 70.000 евра, туку за 2.500 евра.
Преку размена за една четвртина од ливадата купена во 2010 година, за едно евро по квадрат. Значи Димитриевски се стекнал со стан во Куманово од 97 квадрати вреден 70,000 евра за само 2.500 евра“, изјави денеска на прес-конференција, Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово.
Спореа неа, овој скандал отвора сериозни прашања за можна корупција, перење пари и судир на интереси кои мора да бидат расчистени целосно.
„Дали станува збор за перење пари? Дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на згрдата? Дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит“, се трите прашања на Мургашанска.