„Како експлозија од 30 тони ТНТ“: Метеор се распрска над Пенсилванија

од Vladimir Zorba
348 прегледи

Метеор кој предизвика силна експлозија над предградијата на Питсбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, експлодира на првиот ден од новата година во атмосферата со енергија, еквивалентна на 30 тони ТНТ, потврдија американските власти.

NASA Meteor Watch објави на Facebook дека, ако се земе предвид разумната претпоставка дека метеорот се движел со брзина од 72.420 километри, може да се процени дека бил широк околу еден метар во дијаметар и тежок околу половина тон.

Се додава дека метеорот би бил лесно видлив дури и во текот на денот да не е облачно и мрачно време и дека би бил 100 пати посветол од полната месечина.

Жителите на Саут Хилс и други области изјавија дека слушнале силен звук и почувствувале како нивните домови се тресат.

Официјални лица од областа Алегени потврдија дека нема сеизмички активности или грмотевици, јави Танјуг.

Слични содржини