Спектакл на небото вечерва: Ќе биде видлив метеорски дожд познат како Персеиди

од Stefanija Kuzmanovska

Таканаречениот метеорски дожд на Персеидите кој се случува секоја година на почетокот од август е еден од најпопуларните астрономски феномени, токму поради тоа што не е потребна астрономска опрема за набљудување на дождот. Набљудувањето се врши со голо око.

Кога на овој факт ќе се додаде дека се случува во август (топли ноќи, можно е долго да се остане надвор), тогаш го добивате најпопуларниот метеорски дожд Персеиди.

На својот пат околу Сонцето, Земјата минува низ разни остатоци од комети, а кога ќе се судри со нив, истите овие остатоци влегуваат во атмосферата на Земјата, изгоруваат и од Земјата ги гледаме како метеори или популарно познати како ѕвезди кои се распрснуваат.

Кога Земјата ќе наиде на најгустиот дел од овие комети, тоа се нарекува нарекуваме максимум на метеорскиот дожд, односно таа ноќ е можно да се види најголемиот дел од нив за еден час. Таа ноќ е овој викенд, помеѓу 12 и 13 август.

Метеорите се набљудуваат едноставно, но подобра глетка ќе имате ако сте надвор од осветлените градови. Метеорите ќе летаат еден по друг, а во идеални услови (целосен мрак без светлосно загадување), кои за жал се многу ретки, можно е да се видат околу 100 метеори на час.

Персеидите го добиле своето име затоа што очигледно се појавуваат на небото од соѕвездието Персеј, но во пракса нема многу правила. Можат да летаат каде било, зависи од моментот кога ќе се запалат во атмосферата, бидејќи само тогаш ги гледаме. Персеидите се третиот најинтензивен метеорски дожд, но дефинитивно прв по популарност, токму поради тоа што се видливи во лето кога е многу полесно за набљудување.

Слични содржини