Неодамна Турција не пројавуваше голем интерес за преговорите за пристапување кон ЕУ. Значи идејата за отворање на нова поглавје ќе ја импресионира. А и Кипар лесно би можел да ја попречи.

0,,17376474_303,00
Односите меѓу Европа и Турција секогаш биле повеќеслојни. Така е и по прашањето за бегалците. Идејата да се понуди на Анкара перспектива за отворање на ново поглавје за преговори со ЕУ, како еден вид награда за тоа дека Турците ќе задржат бегалци на својата територија, може лесно да пропадне поради општиот отпор на Кипар. И дури и федералната канцеларка Ангела Меркел нема да успее да промени нешто во врска со ова.

Кипарската влада со години го забавува и го блокира патот на Турција кон ЕУ поради делумната окупација на островот. Досега преговорите беа можни со премолчено одобрение од многу други земји од ЕУ, вклучително и на Германија.

Тоа што Берлин сега ги менува приоритетите во надворешната политика, не мора да значи дека и Никозија ќе ги промени. Повеќето држави од Заедницата ги сметаат бегалските текови не за свој проблем, туку за германски. Всушност самата Турција неодамна не покажуваше голем интерес за преговорите со ЕУ. Значи ветувањето за отворање на ново поглавје од преговорите за пристапување нема да е најважно за неа, ако навистина дојде до договор со Анкара.

 

FAZ

Слични содржини