Газираната вода е чест избор за оние кои не сакаат обична вода, но дали е поздрава?
Дали газираната вода е добра како и обичната? Според Роналд Моган, професор на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска, одговорот е: „Ниту блиску“.
„Газираната вода има незначително влијание врз хидратацијата на телото во споредба со обичната вода“, вели професорот, кој е еден од авторите на студијата од 2016 година, во која се споредуваат хидратантните ефекти на различните пијалоци.
Сепак, диететичарот и нутриционист Џек Баум вели дека газираната вода може да биде одличен избор за секој кој не е љубител на обичната вода.
„Претпочитам луѓето да се хидратираат со пијалоци во кои уживаат отколку да не пијат доволно течности во текот на денот“, изјавил тој за BuzzFeed.
Дали газираната вода ги оштетува забите?
За жал, кога станува збор за забите, стоматологот Карис Монкајо има лоши вести. Кога пиете газирана вода, хемиска реакција во устата го претвора јаглеродниот диоксид во јаглеродна киселина, а киселината ја кородира забната глеѓ, објасни тој.
„Глеѓта е надворешната заштитна структура на нашите заби. Кога забната глеѓ е компромитирана, тоа доведува до голем број проблеми со забите, како што се расипување на забите или зголемена чувствителност“, заклучил Монкајо.