Како илјадници „уништени“ автомобили од САД завршуваат во Русија?

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Грузија стана центар на светскиот пазар на користени автомобили во вредност од неколку милијарди, кои главно се увезуваат од Соединетите Американски Држави и се извезуваат од Грузија во Русија.

Во предградијата на индустрискиот град Рустави, 20 километри југоисточно од грузискиот главен град Тбилиси, има бројни големи паркинзи. Вкупната површина на тие паркинзи е еднаква на површина од 40 фудбалски игралишта, а на тие паркинзи се продаваат илјадници возила.

Таму можете да го најдете речиси секој автомобил – Мерцедес, Порше, Јагуар, Тојота и неодамна Тесла. Еден од најголемите паркинзи е во сопственост на Caucasus Auto Import (CAI), кој купува половни автомобили на аукции во САД. Многу од овие автомобили се толку тешко оштетени во несреќи што американските осигурителни компании ги отпишале.

Во CAI тврдат дека нивниот „експертски тим“ го собира автомобилот во САД, а потоа го организира неговиот транспорт со контејнерски брод, што е транспорт од 10.000 километри. Грузиските механичари ги поправаат оштетените автомобили.

„Нашата компанија придонесе многу за обновувањето на грузискиот возен парк. Кога почнавме да работиме во 2004 година, грузискиот возен парк беше целосно произведен во Советскиот Сојуз, од автомобили како Лада и Ваз“, изјави извршниот директор на CAI, Давид Гулашвили.

Тој истакна дека неговата компанија одговорила, како што рече, на големата побарувачка за возила од западно производство. CAI моментално има 600 вработени.

Грузија минатата година увезла автомобили чија вкупна вредност изнесувала 2,4 милијарди долари. Извозот на автомобили од оваа земја изнесува 2,1 милијарди долари, а главно се извезувал во поранешните советски републики во Кавказ и Централна Азија. Според вредноста на грузискиот извоз, автомобилите се на второ место, по бакарот.

Иако грузиските власти тврдат дека ги почитуваат западните ограничувања во трговијата со Русија и Белорусија, истрагата на медиумската куќа „Ифатчи“ покажа дека трговците користат бројни дупки во овие ограничувања. Сепак, Гулашвили уверува дека неговата компанија ги почитува споменатите ограничувања, но дека нема механизам за следење каде возилото на крајот ќе заврши по продажбата.

По почетокот на руската агресија врз Украина, нагло се зголеми извозот на автомобили од Грузија во Казахстан, Киргистан и Ерменија, кои се членки на царинската унија предводена од Русија. Тоа значи дека возило регистрирано во која било од споменатите земји може да се вози во Русија, со минимални даноци.

Главниот успех на грузискиот пазар на користени автомобили е во географијата на Грузија. Имено, оваа земја има пристап до Европа преку своите црноморски пристаништа, додека преку Баку има пристап до Централна Азија. Друг клучен фактор е евтината работна сила што се користи за поправка на половни автомобили.

„Повеќето оштетени американски автомобили не се исплатливи за поправка во САД. Поправката и повторната легализација на автомобилот во САД може да потрае шест месеци и да чини, на пример, 5.000 долари. Од друга страна, поправката на истиот автомобил во Грузија може да трае еден месец и да чини 1.000 долари“, тврди Гулашвили.

Тој истакна дека претежно се увезуваат возила со бензински и дизел мотори, но дека побарувачката за возила со хибридни и електрични мотори расте, пишува Би-Би-Си.

Слични содржини