95
Најголемиот проблем на современите дронови е опасноста да бидат скршени. Можете да одведете секој дрон до местата каде имате видливост или до местата каде имате јасна слика од камерата. Постојат места каде овие уреди не можат да летаат, бидејќи има премногу објекти, просторот е мал или нема доволно видливост. ГимБол (GimBall) е решението на овој проблем, а во исто време ни дава и идеја за визијата и начинот на работа, кои ќе го имаат дроновите од иднината.
ГимБол генерално е како секој дрон и ги прави истите работи. Разликата е во тоа што тој има заштита во форма на скелет, кој му овозможува да лета, но во исто време да не ги удира главните компоненти од конструкцијата во околните објекти. Платформата му дава можност на дронот да се удира по ѕидовите или едноставно да руши сè околу себе, а тоа се случува независно од основата на куќиштето и не го нарушува балансот на дронот и камерата.
Креаторите го направиле концептот, земајќи пример од инсектите. Знаете колку се досадни мувите. Почнуваат да зујат и да се удираат во прозорецот, но сепак не паѓаат, а продолжуваат да летаат. Тоа е и идејата тука, и на тој начин, секој дрон ќе може да достигне до места кои во денешно време се незамисливи. Ова овозможува да ги користиме овие уреди во многу повеќе сфери и можеби ќе ни помогнат да спасуваме животи, а не само да си играме со нив.
