Како изгледа кога француски кошаркар пцуе црногорски играчи на течен српски јазик? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
578 прегледи

Несекојдневен инцидент се случи во Подгорица по завршувањето на вечерашниот натпревар од четвртфиналето
на Еврокупот во кошарка меѓу Будуќност и Монако. Францускиот кошаркар Матијас Лесор, во моментите кога требаше да даде изјава за медиумите, влезе во расправија со сочни пцовки упатени на српски јазик со
домашните кошаркари, а тргна и физички да се пресметува со нив.

Поранешниот кошаркар на белградска Црвена Звезда добро ги познава кошаркарите на Будуќност од бројните средби во европските и регионалните натпреварувања. Тој реагираше откако некој од домашните играчи, веројатно изнервиран од поразот, му дофрлил во поминување, по што Французот возврати со „широк избор“ од погрдни зборови и пцовки кои ги научил во краткиот период додека ги бранеше боите на белградскиот тим.

 

Лесор играше за Звезда во сезоната 2017/2018, по што, поради слабите настапи, замина во Шпанија каде го носеше дресот на Уникаха, потоа настапуваше за Баерн Минхен, пред да го засили Монако пред почетокот на оваа сезона и да стане еден од најдобрите играчи во досегашниот дел од Еврокупот.

По голема борба, Монако во мајсторката стигна до пласман во полуфиналето на Еврокупот, победувајќи ја Будуќност со 90:87, а домашните имаа шут за три поени што ќе ги одведеше во продолженија, но плејот на Црногорците, Никола Ивановиќ не успеа да изедначи. Лесор беше еден од најдобрите во тимот на Монако со 24 поени.

Слични содржини