Како изгледаат синот на Миранда и ќерките на Шарлот во продолжението на „Сексот и градот“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Снимањето на продолжението на познатата серија „Сексот и градот“ во голема мера е во тек, а фотографии од сетот се објавуваат секојдневно.

На најновите фотографии, покрај добро познатите ликови, како што се Синтија Никсон, популарната Миранда и нејзиниот партнер Стив, кој го игра актерот Дејвид Егенберг, можеме да видиме и колку пораснал нивниот син во серијата.

Имено, малиот Брејди, кој ги воодушеви гледачите со својата симпатична црвена коса, денес порасна како млад човек. Иако како возрасен не го игра истиот актер што го видовме во оригиналните епизоди од серијата, интересно е да се види колку време помина од последното продолжение.

Синтија, Дејвид и нивниот телевизиски син беа фотографирани во друштво на актерката Кристин Дејвис, која го игра ликот на Шарлот и нејзиниот сопруг од серијата, чии деца исто така пораснаа. Да потсетиме, тие се родители на девојчињата Лили и Роуз во серијата.

Фановите на култната серија „Сексот и градот“ беа воодушевени откако беше објавено дека ќе се снима продолжение. Неодамна протече дел од сценариото, а многумина се разочарани од тоа што наводно ќе се случи со ликовите.

Слични содржини