Како изгледал Бахмут пред да дојдат „руските ослободители!“? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Вирално видео кое кружи на Твитер покажува како изгледал Бахмут во пролетта 2021 година, пред Русите да решат да го „ослободат“ од „фашистите“ и да го претворат во урнатини.

Потсетуваме дека Бахмут во последните неколку месеци е град во кој се водат најжестоките битки од почетокот на инвазијата, во февруари минатата година. Градот е под тешка опсада и од редовната руска армија и од платеници од Вагнер групата од август.

Две армии се борат за град од кој не остана ништо, а за кој многу аналитичари тврдат дека е, во стратешка смисла, ирелевантен.

Пред војната, според пописот од 2020 година, Бахмут бил населен со околу 75.000 луѓе. Денес таму има кланица, тоа е град „за мелење месо“ како што го нарекуваат Русите, а цивилното население одамна се иселило од своите домови.

Слични содржини