Како изгледаше затемнувањето на Сонцето (видео)

од Сенада Ибраимова

Жителите на 13 американски држави можеа да го видат затемнувањето на Сонцето.

Милиони луѓе долж тесниот коридор од Мексико до Америка и Канада имаа можност да видат целосно затемнување на Сонцето, иако метеоролозите најавија облачно време на некои места што ќе го расипе уживањето, пишува N1.

НАСА претходно изјави дека околу 31,5 милиони луѓе ќе можат да го гледаат затемнувањето.

Затемнувањето на Сонцето го виделе најголем број луѓе во Северна Америка, поради поради фактот што во Тексас и на други места имаше целосен мрак повеќе од четири минути во средината на денот.

На исток, во близина на Нијагарините водопади, туристите ја поминаа ноќта во камп приколки и кампери со цел да стигнат до најдобрите можни места за да го гледаат затемнувањето.

Дневниот мрак траеше до 4 минути и 28 секунди, речиси двојно повеќе од затемнувањето во САД пред седум години, бидејќи Месечината е поблиску до Земјата.

Следното целосно затемнување на Сонцето во САД ќе биде за 21 година.

Слични содржини