Како ќе изгледаше светот ако природата и универзумот беа корумпирани!

од Aleksandar Petrovski

Деветти декември е меѓународен ден на борба против корупцијата. Kорупција во Македонија години наназад е во рангот на оние во Гамбија, Гвајана, Косово, Монголија и Панама. Од 44 држави во Европа, само две годинава се рангирани како покорумпирани од Македонија, која реномето за длабоко корумпирана земја го одржува со години.

Еден од клучните атрибути за ваквото реноме е корупцијата при јавните набавки. Се проценува дека најмалку една четвртина од парите кои што се трошат за јавни набавки завршуваат во приватни џебови. Едновремено едни од најгласните критики кои Македонија ги добива од Европската унија се токму критиките за корупцијата.

Со оваа акција на сликовит начин се обидуваме на граѓаните да им објасниме колку многу наши пари (пари на граѓаните кои властите ги управуваат а не се нивни) се трошат за коруптивни зделки и се одлеваат во приватни џебови додека образованието, науката, културата, социјалата, здравството, екологијата страдаат.

Слични содржини