Како корисниците на Твитер реагираа на настапот на „The Weeknd“ на Супербоулот? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Канадскиот музичар The Weeknd, исто така една од најголемите sвезди на денешницата, очекувано, ги остави сите без здив со својот настап на полувремето на Супербоулот. Неговиот настап инспирираше и бројни корисници на Твитер, кои направија бројни мемиња од неговиот настап во текот на вечерта и утрото.

Вкупно 25.000 луѓе го следеа настапот од трибините, а „Викенд“ уште еднаш покажа зошто тој бил повеќепати наградуван и ценет и од критичарите и од љубителите на музиката од целиот свет.

Со помош на бројни танчери, тој ги изведе „Starboy“, „The Hills“, „Can’t Feel My Face“, „I Feel It Coming“, „House of Balloons“, „Blinding Lights“, „Save Your Tears“и „Earned it“.

Фановите на мeмињата не се разочарани – моментот кога пејачот влезе во „златните ходници“ со огледала на сцената направена под трибините, ги преплави социјалните мрежи, а особено, Твитер.

Подолу, ви ги пренесуваме најдобрите мими, или трикови, што корисниците на оваа социјална мрежа ги создадоа од неговиот настап.

Слични содржини