Лажните вести ја надминаа популарноста на вистината на Фејсбук.
Тоа го покажува анализа на канадски сајт за вести.
Скандалозните податоци докажуваат уште дека смислените приказни предизвикале повеќе коментари, споделувања и реакции отколку топ вестите од вкупно 19 престижни медиуми, меѓу кои “Њујорк тајмс”, “Вашингтон пост”, “Хафингтон пост” и “Ен-Би-Си њуз” .
Вознемирувачките резултати докажуваат дека сензацијата, а не фактички докажаната вистина во медиумите го дефинира политичкиот дискурс.
За време на најкритичните месеци од кампањата за претседател на САД, 20-те топ вести од силно поларизирани политички блогови и сајтови со сомнителна репутација и кредибилитет генерирале во близина 9 милиони споделувања, реакции и коментари на “Фејсбук”.
Во споредба – 20-те водечки приказни на најпрестижните и етаблирани медиуми како “Њујорк тајмс”, “Вашингтон пост”, “Гардијан” и “Политико” успеале да соберат едвај 7,4 милиони.
4 од останатите во топ 10 фиктивни вести се дело на ист сајт “Ендинг д ФЕД”.