Како месечевите фази влијаат на хороскопските знаци?

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Фазите на Месечината влијаат на секој од нас на различен начин. Некои ги земаат предвид кога ja следат месечевата диета. Кај други се јавуваат болести или моментални болки, додека кај трети настапуваат и некои позитивни промени. Денес ќе прочитате како полната месечина и младата месечината влијаат на вашиот Хороскопски знак.78fc7ddd649599fe2c14c7423d62362a

Овен
Полна месечина за Овен: Завршување на проекти и добивање на признание за напорната работа.
Млада месечина за Овен: Се оттргнувате од она што на некој начин ве влече назад. Имајте однос кон нешто ново и возбудливо.

Бик
Полна месечина за Бик: Внимателно во односите и финансиите.
Млада месечина за Бик: Размислете за работата, домот и финансиите. Фокусирајте ја вашата енергија на оние работи кои можат да ви донесат повеќе успеси.

Близнаци
Полна месечина за Близнаци: Научете нови работи, побарајте нови информации, за да се унапредат. Одвојте време за повеќе социјални активности.
Млада месечина за Близнаци: Мислите за идните планови, тешко ви е да се фокусирате, бидејќи имате многу нови идеи.

Рак
Полна месечина за Рак: Пораст на самодовербата, наплив на желбата за дарежливост. Среќа во семејството.
Месечината за Рак: остануваат сами со себе и со своите мисли. Часови во кои е добро да планирате промена која ќе ве однесе кон подобро.

Лав

Полна месечина за Лав: Креативност, ентузијазам и повеќе енергија. Чувство на страст кон некого кој е поблиску до вас.

Млада месечина за Лав: Нови можности за флертови, навлегување во нови проекти, кои ве возбудуваат.

Девица

Полна месечина за Девица: Организираност, чувство за повеќе енергија и посветеност на приоритетите.

Млада месечина за Девица: Проценка за одложување на проектите. Позитивни промени во однос на здравјето (ова може да е преминување кон здрава исхрана или на пример креирање на спортски режим).

Вага

Полна месечина за Вага: зацврстување на хармонијата во односите со најблиските, но и зголемување на креативниот потенцијал.

Млада месечина за Вага: Изработка на планови за иднината. Фокусирање на комуникацијата со луѓето околу вас.

Скорпија

Полна месечина за Скорпија: Позитивни емоции, страст и хармонија во односите.

Млада месечина за Скорпија: Размислете врз внатрешните модели на однесување кои треба да се менуваат, психолошко лекување, постигнување на внатрешен мир и хармонија.3eea62734912057f36b5cca1edc6d43a

Стрелец

Полна месечина за Стрелец: Вашето позитивно расположение ве тера да ги свртите кон себе претставниците на спротивниот пол и да имате нови и возбудливи флертови.
Млада месечина за Стрелец: Ви треба  возбуда и некој вид на ментална стимулација, за да се прекине циклусот на здодевноста.

Јарец
Полна месечина за Јарец: Позитивни промени на работното место и домот, многу можности за забава и друштвени активности.
Млада месечина за Јарец: Ревизија на приоритетите. Направете позитивни промени, за да се отстрани загубата на енергија.

Водолија
Полна месечина за Водолија: Вашите заложби и придонес добиваат признание од другите. Позитивни промени, од кои треба да се искористат.
Месечината за Водолија: Отстранете ги старите навики, креирајте нови и позитивни, и пречекајте ги промените во вашиот живот.

Риби
Полна месечина за Риби: Силно изразена емоционална чувствителност. Бидете до блиски.
Млада месечина за Риби: Изработка на силни врски со луѓе кои можат да ви помогнат да се отстрани она што не функционира во вашата енергија.