Како МВР е надлежно за поткровје во Македонска Каменица, а не е надлежно за 12-катница во Чаир – прашува Мојсоска

од Nikola Popovski
469 прегледи

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска ја коментираше ситуацијата во скопски Чаир и „ловот“ на градоначалничката Данела Арсовска на дивоградби на територијата на општината предводена од Висар Ганиу. Мојсоска преку објава на социјалните мрежи постави прашање до полициските структури во државата.

„Како МВР е надлежно да поднесува кривична пријава за нелегално изградено поткровје на куќа во Македонска Каменица, ама НЕ Е НАДЛЕЖНО да постапува за 12-катница во Чаир, која е прикажана дека е изградена во 2011 година, кога “инвеститорот” имал само 11 години?!

Каква деловна способност има на 11 години инвеститор да поднесува барање за легализација?! П.С. Да беше Панче од Битола, ќе го викаа Ненадлежнио“, стои во објавата на Мојсоска.

Нови документи за 20 незаконски легализирани згради во Чаир поднесе градоначалничката на Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Според неа, не станува збор за тераси или гаражи, туку за објекти градени спротивно закон. Само еден објект, вели Арсовска, чинел над еден милион евра.

„Таа зграда, Вики, не е изградена во 2011 година како што тврдиш ти, туку во 2024 година. Еве ги сателитските слики кои ги прибавивме од Катастарот за недвижности, кои покажуваат дека во 2017 година на таа парцела ја нема зградата. Висар вели дека за оваа зграда барање за легализација поднел извесен претприемач Беким Аземи во 2010 година. Тој во 2010 година кога почнала да се гради зградата имал само 11 години, а во 2011 кога поднел своерачно барање и изјава за легализација имал само 12 години. Па тој е најмлад претприеамач во историјата, тој е за Гинисова книга за рекорди. Од каде му на 11-годишник повеќе од еден милион евра за да изгради ваква зграда, веројатно од парите што ги собирал за роденден“, рече вчера Арсовска на прес-конференција.

Претходно жител на Македонска Каменица доби кривична пријава за бесправно градење од МВР поради тоа што без соодветна дозвола изградил поткровје. СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Р.(51) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Слични содржини